Расел: Остин ни е најголема шанса за победа

Џорџ Расел изјави дека трката Американското Гранд При во Остин е најреална шанса за првата победа на Мерцедес оваа сезона. 

Со импресивни 13 подиуми, тимот сеуште не се има искачено на највисокото место на само 6 трки пред крајот на годината. Нивниот болид има проблем на патеките кои бараат голема потисна сила, но полека ја намалуваат разликата со Ред Бул и Ферари. 

Мислам дека имаме шанса на Остин. Таа патека треба да ни одговара. Ќе биде интересно во СИнгапур, но историски таму секогаш сме се мачеле. Не сум сигурен, ќе видиме како ќе биде – објасни младиот британец.

Ова е прва сезона за Мерцедес без победа од 2011 година, но и прва за Хамилтон без триумф во неговата кариера. 

Како тим направивме голем напредок за да го разбереме болидот. Се надевам дека ќе го развиваме и во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ