Расел очекувал дека лесно ќе влезе во К2

Џорџ Расел очекувал Хунгароринг да биде силна патека за Вилијамс, но сепак испадна во првиот дел од квалификациите. 

Британецот редовно влегуваше во К2 од почетокот на оваа сезона и дури неколку пати влезе во К3. Тој очеквуал лесно да продолжи на квалификациите, но тоа не се случило. 

Од наша страна, очекувавме дека лесно ќе влеземе во К2, Но од непозната причина не влеговме и немавме силно темпо. Оваа сезона очекувавме тука да сме најсилни и за прв пат не влеговме во К2. Очигледно дека сме разочарани – потврди расел.

Младиот британец објасни дека очекувал да се засили во текот на квалификациите. 

Овој викенд не сум сигурен што се случи. Мислам дека беше поветровите од претходните трки и тоа не ни помогна.

Обично одам на квалификации и имам добри кругови, но кога ја поминав линијата нешто не беше како што треба. Не знам што не беше во ред, Обично е полесно, но нешто не можеше да проработи. 

Расел изјави дека имал шанса да промени на нови софт за да излезе од К1, но немал повеќе време. 

Очигледно немав толку среќа бидејќи за прв пат не продолжив понатака на патека која може да ни донесе поени.

Алфа Ромео искористија три сета гуми. Доколку и ние искористевме ќе бевме во К2. Се зависи од нас, како ќе играме. Доколку седиме на оградата немаше ништо, но доколку променевме ќе одевме во К2 можеби и К3. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ