Расел очекува брз напредок на Верстапен

Џорџ Расел призна дека очекува Макс Верстапен брзо да напредува во текот на утрешната трка, иако ќе стартува од 15та позиција на гридот откако му откажа преносот во текот на вториот квалификациски дел на Џеда. 

Перез ја зазема пол позицијата пред Шарл Леклер, Фернандо Алонсо и Џорџ Расел, но Леклер ќе оди 10 места назад поради казната. 

Ред Бул завршија одлична работа и разликата со останатите е преголема, каква што не сме виделе можеби шест години. Мислам дека Макс лесно ќе напредува доколку нема инциденти или задржувања.

Сигурен сум дека ќе дадеме и ние се од себе, но тој е пребрз. Видовме што направи на Спа со старт од 15та позиција минатата година. Фокусот останува на нас – посочи младиот британец.

Расел сепак е оптимист за финиш на подиум откако заврши подобро на квалификациите од Хамилтон. 

Дефинитивно можеме да се бориме за подиум бидејќи сме блиску до Астон Мартин и Ферари кои се можеби некоја десетинка пред нас. Стартуваме пред нив и нема причина да не се бориме за подиум. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ