Расел пдоготвен за спектакл по летечката Џеда

Џорџ Расел верува дека возачите и фановите ќе имаат возбудливо искуство во Џеда, ултра брзата патека, каде Вилијамс ќе вози во чест на нивниот починат основач, Сер Френк.

Британците одат на ултра модерната и целосно нова патек во Саудиска Арабија, од каде потекнуваат инвеститорите кои овозможија хобито на Сер Френк да стане Формула 1 тим на крајот од 1970-тите и почеток на 1980-тите години.

иако неговата ера заврши викендов, тоа што френк го остави ќе живее вечно и ќе се прераскажува во тркакиот свет, луѓето ќе се сеќаваат со гордост на него и ќе црпат инспирација од него – прокоментира дејв робсон, главен за перформанси на болидите на вилијамс.

Тимот во последно време се мачи да ја врати формата која ја имаа по крајот на летната пауза која ги донесе на 8мо место кај конструкторите, но Расел е решен да дојде до добри поени викендов.

како екипа сме решени да му оддадеме почит на сер френк каква што заслужува, на начин на кој знаеме дека сака, со тркање. навистина сум нетрпелив на првата трка на џеда корниш патеката и сигурен сум дека ќе биде извонреден настан поради летечката природа на автодромот и фактот што се работи за улична трка со ѕидови кои се веднаш крај вас. сигурен сум дека ќе биде возбудливо и спектакуларно, како во така и надвор од болидот.

следува нова трка една недела потоа, последна од сезоната така што целиот наш фокус е кон зачувување на позицијата кај конструкторите и ќе дадеме се за да го оствариме тоа – најави расел.

Брзината на патеката ја потенцираше и инженерот Робсон како и предизвикот со кој ќе се соочат како возачите, така и инженерите, а секако дека и возењето под рефлектори ќе донесе промена.

патеката е целосна спротивност на лосаил во катар и има многу долг круг со многу брзи кривини кои се речиси правци и сето тоа во градски услови. ќе треба д видиме кое ниво на грип ќе ни биде потребно и каков грип има асфалтот, но патекат е многу брза и има убав тек на кривини.

возачите сум сигурен дека ќе уживаат и ќе бидат задоволни од летечки круг. сесиите под рефлектори ќе бидат многу убави аз гледање, но и корисни за однесувањето на гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ