Расел победник на Виртуелната трка низ Монако

Џорџ Расел беше на сосема друго ниво на виртуелната трка во Монако, каде возачот на Вилијамс заврши на првото место со повеќе од 39 секунди предност пред Естебан Гутиерез кој возеше за Мерцедес.

Расел имаше чиста трка, спротивно од неговите ривали кои поголемиот дел од 39те кругови ги поминаа удирајќи се од заштитните ѕидови, но без последици бидејќи опцијата за оштетување на болидот беше исклучена. 

Настанот беше исполнет со голем број на казни поради кратење на свиоците. На пол позицијата се пласираше Пиетро Фитипалди со преднот од 0.414 секунди пред Расел, додека Дејвид Шумахер се пласираше на трето место за Рејсинг Поинт. 

Расел имаше одличен старт и поведе пред Артур Леклер, Фитипалди и Шумахер. Со медиум пневматици, Расел набргу се одалечи од останатите. Помладиот од браќата Леклер беше меѓу првите кои влегоа во бокс, со промена од софт на медиум, додека Фитипалди се најде на второ место, но со големо заостанување позади Расел.

Во трката имаше многу дуели. Ландо Норис се обиде да ги претекне двајцата браќа Леклер во првиот свиок што резултираше до катапултирање на Артур Леклер, додека Шарл успеа да го избегне сударот.

Расел уживаше во трка без драма и стигна до својата втора во виртуелните трки. Гутиерез се пласираше на второ место, додека Шарл Леклер заврши на трето место, пред Алекс Албон за Ред Бул и Артур Леклер на петто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ