Расел против обратниот стартен грид: Би изгледал како идиот

Младиот возач на Вилијамс, Џорџ Расел, изјави дека доколку има трки со обратен стартен грид во Формула 1 тој би личел како идиот.

Британецот се надева на добра сезона оваа година откако Вилијамс започна со средување на нивниот болид кој фаќа приклучок во средна од поредокот. Темпото на трка сеуште е загрижувачко бидејќи тимот сеуште не е на ниво да се бори со тимовите од средниот ред.

Расел смета дека со идеата за обратен грид неговата позиција нем да се опдобри и тој смета дека ќе се случи спротивното и побрзите болиди ќе ја уништат неговата трка.

Некои мислат дека со бавен болид на обратен грид ќе успееш, но всушност е спротивното. Со брз болид на обратен грид ќе изгледам како херој кој се пробива.

За мене во бавен болид напред ќе бидам само на отстрел како идиот. Не сум задоволен и не сакам обратен грид – дециден е расел.

Можноста да воведување на спринт трка и обратен стартен грид беше од старт отфрлена од страна на Мерцедес, тим кој секако најмнгу би загубил со такво правило.

Мислам дека е добро за Формула 2 и Формула 3 кога си млад возач и се бориш за понапред со ист мотор, Но во ваков шампионат не е фер за некои возачи да победат три пати на спринт трки и после на обратен грид да не направат ништо. Завршуваат на седмо и осмо место и после се напред во Монако и победуваат без заслуга и радост.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ