Расел разочаран: Требаше да сме на пол позиција

Џорџ Расел не е задоволен од својата стартна позиција откако го освои второт место на Алберт Пари и смета дека можел да извози круг доволен за пол позиција.

Работите се променија за двајцата возачи на Мерцедес откако извозеа достојно на квалификациите и ќе стартуваат од втора и трета позиција. Резултатот доаѓа откако Тото Волф изјави дека не очекува чуда пред надградбите на Имола.

Со откажувањето на Перез во првиот квалификациски сегмент, се отвори борбата за топ 3 позициите.

сигурно Не го очекувавме ова. Напорно се работи тука и во фабриката и имавме одлична сесија, а Болидот беше одличен.

На крајот од кругот бев на границата и разочаран сум што не бев на пол позиција. Чудно е како се менуваат очекувањата толку брзо. Можеби ќе бев среќен со топ 5, но дефинитивно има потенцијал – посочи младиот британец.

Дали ќе ја задржи позцијата покрај брзите Астон Мартин останува да видиме на трката откако уште во пресрет на викендот тој потенцираше дека очекува карактаристиките на уличната трка да одговараат на зелените болиди.

Ние не погрешивме. Имаме добри и лоши денови, но возбуден сум за утрешниот ден. Ќе биде тешко против Макс, но среќен сум со старт од првиот ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ