Расел сака победи, годините се само бројка за Хамилтон

Џорџ Расел останува фокусиран на победа во Формула 1, но не гледа начин да се симне Хамилтон од врвот. 

Како дел од програмата на Мерцедес, Расел се очекува да биде дел од фабричката екипа во наредната година кога ќе истече неговиот договор со Вилијамс. Зборувајќи за генерациската смена од која е дел и Расел, тој смета дека годините се само бројка за Хамилтон. 

Природно е дека нема да се борам во Формула 1 за последната позиција и сакам да одам напред со Вилијамс. напредокот во последните години многу ми помогна и сакам да се борам за победи.

Луис врши одлична работа и возраста не му е проблем, Тој лета. Посебно на трките е неверојатено брз. Се прашуваме дали е болидот или возачот. 

Расел доаѓа во Барселона каде сака да се поправи од тешката трка во Португалија. Него му сметаше ветрот, но се надева дека немале други проблеми со болидот. 

Најдовме проблем во болидот по трката што не ни смета многу, но дефинитивно имаме проблем со ветерот. Доколку возите на автопат со 100 кмч и ја извадите раката надвор ќе приметите што ни се случува кога возиме со над 300 кмч. Овие болиди не функционираат кога е ветровито и се мачиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ