Расел сигурен дека иднината ќе му се реши во летната пауза

Џорџ Расел е сигурен дека одлуката за неговата Формула 1 иднина ќе се реши за време на летната пауза и покрај шпекулациите за евентуална замена од Вилијамс во Мерцедес. 

Расел е јуниор на Мерцедес од 2017 година и е поврзан со место во тимот покрај Луис Хамилтон по силното деби како замена за Хамилтон на Шакирското Гранд При лани. 

Никогаш не бил лесен процес за ниту еден тим или возач во однос на тоа дали ќе остане или ќе замине од тимот, Но сигурен сум дека одлуката ќе се донесе за време на летната пауза. кој знае. Фокусиран сум да дадам се од себе и да освојам поени – најави расел.

Хамилтон сака да го задржи Ботас покрај себе и наредната година бидејќи имаат одлични односи со финецот кој дојде како замена за Нико Розберг. Расел изјави дека неговите амбиции се јасни. 

Сакам да бидам Формула 1 шампион, но никогаш не би ги ставил сопствените цели пред тие на тимот. Исто е како и во Вилијамс, не би сакал да му наштетам на колегата. Моите цели се мои, а тие на тимот се заеднички и мора да дадеме се од себе да ги постигнеме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ