Расел сигурен дека сударот нема да го уништи неговиот однос со Мерцедес

Џорџ Расел е сигурен дека неговиот силен судар со Валтери Ботас од Мерцедес нема да ја уништи неговата долгорочна соработка со “сребрениет стрели“.

Младиот биртанец се трка за Вилијамс од 2019 година како штитеник и јуниор на Мерцедес и годинава е во 3та година од соработката со екипата од Гроув, а падокот на големо шпекулира дека е “печен“ за Мерцедес догодина.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна оти сударот не требало никогаш да се случи, но не обвини никого.

сударот нема да го загрози мојот однос со мерцедес воопшто, веќе разговарав со нив и ги разбраа двете страна на сударот. сигурен сум дека сфаќаат дека кога се тркам не гледам против кој болид се тркам.

на крајот на денот дефинитивно имав шанса да претекнам, минав 3/4 од правецот и лесно ќе минев да немаше влажен дел таму. но, онаму каде што сакав да минам беше суво, сакав да се поместам лево, но бев истуркан во десно и таму беше влажниот дел.

веројатно не требаше да изреагира на начин на кој изреагирав по сударот, но емоциите беа многу силни, си разменивме лоши зборови и тоа е се – раскажа расел.

Сударот дојде во борбата за 9то место кога Расел дојде во ситуација да се бори за поени, нешто што никогаш го нема направено аз Вилијамс.

никогаш не сум бил во позиција да се борам против мерцедес, а тимот веројатно веќе пет години нема таква можност, така што не ни помислив на тоа.

како што реков, бев невнимателен, но простор и брзина имав, а валери се бранеше силно, на што имаше право.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ