Расел: Со болидот на Мерцедес се прави се

Младиот британец Џорџ Расел верува дека болидот на Мерцедес може да му понуди на возачот се што тој ќе побара. 

На Шакирското Гранд При, Расел имаше можност да го вози Мерцедесот на Луис Хамилтон кој беше позитивен на Ковид-19. 

Мојот стил на возење од Вилијамс малку ми наштети во Мерцедес – се присетува расел.

Но, британецот кога се врати во Вилијамс имаше доста идеи кои ги сподели со тимот кој е на дното на табелата. Тоа е поради можноста Мерцедес да му понуди се што возачот го посакува. 

Тоа не можев да го направам во Вилијамс и ми ги отвори очите за да се адаптирам на тоа што болидот го нуди. Доколку некој вози Мерцедес не значи дека ќе може да го вози и ВИлијамсот и обратно.

Тоа што барате од болидот, Мерцедес ви го нуди и вие го чувствувате. Возачот го контролира целосно болидот, а тоа не секогаш се случува. 

2021 година е последната од договорот на Расел со Вилаијмас и тој се надева дека во 2022 година ќе вози за „сребрените стрели“. Џорџ целосно е фокусиран да им помогне на Вилијамс. 

Мерцедес верува во мене. Тие ми дадоа можност бидејќи ме подржуваат. Затоа моја должност е да продолжам по патот и да станам нешто што не сум во моментот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ