Расел: Со промената кај подовите се враќаме во игра

Џорџ Расел се надева дека со забраната за флексибилните подови во Белгија, Мерцедес ќе може да се врати во борба со Ферари и Ред Бул. 

Во обид да се намали потскокнувањето, ФИА воведува мерки од трката во Белгија. Според некои кажувања со мерките на ФИА ќе се забранат и флексибилните подови од кои некои тимови профитираат. Според младиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, тоа многу ќе му помогне на Мерцедес.

Нема сомнение дека Ферари и Ред БУл направиле максимум да ги искористат правилата, Но немаме никакви гаранции дека ќе бидеме поблиску до нив. Знаеме дека болидот во моментов ни е побавен и Ќе видиме што ќе се случи. 

Расел зборуваше и за напредокот на Мерцедес кој редовно се бори за подиуми, но очекува да се бори и за победи во наредниот период. 

Макс и Ред Бул уживаат. Мислам дека Макс и Шарл се на исто ниво во моментов, но сепак Шарл нема среќа.

Макс има одлични викенди и На последните трки успева да победи и да освои многу поени. Како тим ние завршивме многу работа за да бидеме зад него и се надеваме дека во наредниот период ќе бидеме понапред.

Во Спа ќе биде интересно со промените на правилата и мислам дека имаме многу самодоверба дека ќе бидеме подобри. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ