Расел тврди дека има ист третман како Хамилтон

Џорџ Расел инсистира дека нема тимски наредби во Мерцедес и тој е на исто рамниште како Луис Хамилтон. 

Мерцедес оваа година го донесе Расел во тимот откако соработуваат уште од јуниорските денови и тоа како замена за Валтери Ботас кој пет години беше дел од екипата. По три сезони во Вилијамс на крајот на гридот, тој ќе вози покрај седумкратниот шампион за осумкратниот последователен конструкторски првак.

Ние имаме еднаков третман. Нема тимски наредби и целата работа и доверба е оставена на нас да се тркаме фер. Имаме отворен однос.

Мислам дека сме во различен дел од кариерата и имаме силна почит помеѓу нас. Знаеме со кого треба да се бориме. Ние сакаме да победуваме, но сега не сме во таква позиција и потребна ни е работа – посочи младиот британец.

За тоа колку долго Мерцедес нема да може да победува никој не знае да каже. 

Во моментов знаеме дека не сме ни блиску до Ред Бул и Ферари. Не знаеме колку време ќе ни треба. Работиме напорно да ги средиме проблемите и ќе знаеме кога ќе излеземе на патека. Му верувам на тимот дека ќе ги реши проблемите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ