Расел: Цел е да сме подобри од Хаас и Алфа

Џорџ Расел верува дека главна цел на Вилијамс претсојната сезона треба да биде да ги престигнат тимовите на Хаас и Алфа Ромео и на тој начин да напредуваат во поредокот.

Вилијамс беа убедливо на дното од ланскиот поредок и единствена екипа која не освои поени во 2020 година, втора година по ред, но имаше значителен напредок споредено со 2019 година, редовно се бореше со Хаас и Алфа Ромео, а Расел доста често стигнуваше до средниот квалификациски сегмент.

Алфа Ромео на крајот од сезоата беа 8ми со вкупно осум поени, пет поени повеќе од американски Хаас кои беа претпоследни. Со оглед на степенот на напредок на Вилијамс, Расел ерува дека британскиот тим може да се бори за поени со своите два најблиски ривали сезонава.

убеден сум дека ќе можеме да ги победиме хаас догодина. мислам дека ќе бидеме на ниво на алфа ромео, но би сакал да сме посилни и од нив со оглед на напредокот кој го бележиме. сакаме да освојуваме поени годинава, да бидеме во средината од поредокот со оглед на стабилноста на правилата. дефинитивно наш цел се победа против хаас и алфа ромео – посака расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ