Расел: Шпанија беше најдобра трка до сега

Британецот Џорџ Расел изјави дека неговиот Вилијамс бил најдобар до сега на трката за Големаа награда на Шпанија. 

Иако прерано влезе во боксот за време на безбедносното возило, Расел беше близу до Фернандо Алонсо во борба за топ 10 позиција. Но на крајот поради грешна стратегија неговите гуми се потрошија и заврши на 14та позиција. 

Навистина сум задоволен со ризикот поради кој се најдовме на таа позиција. Беше фино да се знае дека можам да го престигнам Алонсо. Болидот беше најдобар до сега откако паметам – среќен е џорџ.

Овогодинешниот Вилијамс е доста чувствителен на ветер поради неговата аеродинамика. Расел смета дека временските услови во Барселона му помогнале да има силно темпо. 

Болидот имаше мирен ден, Немаше силен ветер и болидот беше добар. Мислам дека и Николас имаше проблеми во Портимао. Кога болидот е таков тогаш немаш доверба во него.

Има негативен ефект на гумите и тие брзо се трошат. Не ме сфаќајте погрешно, но сигурен сум дека многу болиди беа подобри во Шпанија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ