Рахал: Индикар е тоа што порано беше Ф1

Боби Рахал, косопственикот на Рахал Летерман Ланиган Рејсинг, изјави дека Индикар има доста сличности со Формула 1 од пред многу години. 

Сопственикот на тимот на прес конференцијата го престави Кристијан Лундгард во неговиот тим. Лундгард помина две години во Формула 2 во тимот АРТ и иако е дел од академијата на Алпин, сепак не успеа да обезбеди место во Формула 1. Тој се согласи да вози за РЛЛ од наредната сезона. 

Рахал целата кариера ја помина во Индикар иако возеше две Формула 1 трки со Валтер Волф Рејсинг во 1978 година.

Најпрво мислам дека Индикар е слична како тоа што беше Формула 1 затоа што Немаме политика. Има многу работи кои не постојат во падокот на Индикар, а кои ги има во Формула 1.

Има многу добри возачи од Формула 2 кои се тука бидејќи не може да обезбедат место во Формула 1. Мислам дека поголем потенцијал има тука отколку во Формула 1 за нив. Очекувам во наредните години да има многу европејци и бразилци во Индикар. 

Лундгард се согласи со коментарите на Рахал кој изјави дека договорот го потпишал бидејќи нема шанса во Формула 1. 

Индикар многу наликува на Формула 1 пред да се родам јас. Тоа е вистинско тркање.

Зборував со некои возачи и ми рекоа да дојдам и да уживам.

Кога започнувам во Европа, тука доаѓам да уживам. Уживањето продолжува за мене. Ова е целосно нова искра за мене и сакав да продолжам со тоа. Индикар е вистинското место за мене каде ќе бидам среќен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ