Ред Бул ги имаат сите задни крила на располагање

Серхио Перез не е загрижен за проблемите со задното крило на Ред Бул и верува дека ситуацијата е под контрола во Саудиска Арабија. 

На претходните трки, Ред Бул имаа проблем со задното крило и механичарите требаше да работат на тоа. Доктор Хелмут Марко објасни дека нашле краткорочно решение, додека Хорнер дополни дека со промена на крилата губеле перформанси. 

Тоа беше нашето планирано крило и конфигурација која ја сакавме. Крила со мала потисна сила се бараат во Саудиска Арабија и Абу Даби и моравме да го засилиме ДРС механизмот. Проблемот беше со активаторот. Одамна го користиме и тоа не е нова технологија – откри тимскиот шеф. 

Но по тренинзите на Џеда во Саудиска Арабоја каде има долги правци и брзи свиоци, Перез објасни дека не е загрижен. 

Мислам дека се е под контрола и нема проблеми. Ги имаме сите задни крила на располагање и ништо немам да додадам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ