📷 Ред Бул ги покажа шарите за Мајами

Ред Бул ги промовираше шарите со кои ќе вози на Гранд При трката во Мајами. 

На почетокот на сезоната, Ред Бул најавија дека ќе имаат три шари за трките во Америка кои ќе бидат дизајнирани од фанови. Аргентинката Мартина Адриано го направи дизајнот за оваа трка, а нејзиниот дизајн беше избран од Кристијан Хорнер и уште неколкумина од Ред Бул. 

Иницијативата што им овозможи на фановите да влијаат на дизајнот за трките во Америка е нешто што не го гледаме често од другите тимови. Важно е нашите фанови да добиваат вакви шанси. Мислам дека Мартина заврши одлична работа со шарите – посочи хорнер.

Адриано ќе дојде во Мајами со Ред Бул и изјави дека цел живот чекала ваков момент. 

кога дознав дека сум победила, останв без зборови бидејќи ова ми беше сонот. Прва работа во дизајнот беше движењето на воздухот низ болидот.

Секако сакав да го претставам и Мајами и трката. Започнав со студирање графички дизајн и отсекогаш сакав да работам во Формула 1 – изјави аргентинката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ