Ред Бул ги сакаат ТВ правата за Австрија од следната година

Телевизиските права за Формула 1 на територијата на Австрија се слободни за продажба од следната тркачка сезона.

Во моментов пренесувач на трките е телевизијата ORF, но нивниот договор истекува на крајот од оваа сезона. Телевизијата како стручни коментатори ги користи поранешниот возач и сегашен Претседател на здружението на Гранд При возачи, Александер Вурц и Ернст Хауслејтнер.

ServusTV, телевизијата сопственост на Ред Бул, веќе ги има телевизиските праваза МотоГП за територијата на Австрија, а неодамна ги купи и оние за престижната фудбалска Лига на шампиони. Фокусот на Дитрих Матешич сеуште не се медиумите и спортскит епреноси, но не исклучува можност да ги купи оние за Формула 1 во родната земја.

секако дека формула 1 правата се секогаш инетресни за телевизиите, но не можеме да кажеме ништо повеќе од тоа во моментов. чекаме и го следиме развојот на настаните со orf и со sky. мораме да видиме што прави пазарот, внимаваме на тоа и потоа ќе реагираме – изјави матешич за Salzburger Nachrichten.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ