Ред Бул дефинитивно решиле да не го продаваат АлфаТаури

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, посочи дека компанијата одлучила да не го продава АлфаТаури и да не го сели тимот во Британија, но британската база на италијанската екипа ќе биде засилена.

Иднината на тимое не беше јасна откако медиумите пренесуа дека еден од тројцата шефови на Ред Бул, а одговорен за Формула 1 сегментот, Оливер Минтзлаф, не е задоволен од перформансите и постигнувањата на екипата. По лошиот почеток на сезоната, доктор Марко посочи дека екипата мора да ги подобри перформансите и резултатите, но и комерцијалниот сегмент.

Месецов беше потврдено дека Франц Тост ќе го напушти челото на тимот на крајот на годинава, а ќе го наследи Лорен Мекиес, спортскиот шеф на Ферари и поранешниот секретар на ФИА, Питер Бајер, кој ќе биде Главен извршен директор. По долга евалуација, Ред Бул решиле да го задржат АлфаТаури, така што продажба дефинитивно е надвор од комбинација, тимот ќе остане со главно седиште во Фаенца, но втората база во Бичестер ќе има повеќе персонал.

Во моментов во Бичестер е аеродинамичкиот оддел на АлфаТаури, а поброен персонал ќе биде искористен за подобра синергија со сестринскиот Ред Бул.

одлуката е донесена и алфатаури ќе продолжи да биде сопственост на ред бул како јуниорска екипа за развој на возачи – потврди марко.

Според Марко, шефот Минтзлаф побарал тимот да има поголема синергија со Ред Бул Рејсинг, максимално дозволено согласно правилата, што значи засилвање на базата во Бичестер.

соработката со ред бул рејсинг ќе биде поблиска затоа што синергијата е важна со ограничени буџети. со нашето знаење и додавањео на бајер од фиа, што е многу важно, ќе биде подобро.

Австриецот потврди дека биле разгледувани многу опции, меѓу нив и преселување на тимот од Фаенца заедно со персоналот, но и тоа било тргнато на страна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ