Ред Бул инспирирани од Џејмс Бонд 007 во Англија

Ред Бул ќе има посебна шара за Британското Гранд При на Силверстон, откако открија дека нивниот болид ќе биде украсен со логото од најпознатиот таен агент, Џејмс Бонд 007 со цел да се прослави партнерството на Астон Мартин со франшизата филмови.

Препознатливото лого ќе биде поставено на страна на кокпитот како и предниот дел од задното крило за времетраење на тркачкиот викенд. Задниот дел од задното крило ќе биде украсено со препознатливи таблички од познати Астон Мартин автомобили кои се појавиле во филмовите.

Болидот број 33 на Макс Верстапен ќе ја носи регистрациската табличка на Астон Мартин кој се појави во Goldfinger од 1964 година, додека на болидот на Гасли ќе биде испишана регистрациската табличка од Астон Мартионот од The Living Daylights од 1987 година.

Гаражата на екипата од Милтон Кинс исто так ќе биде украсена со мотиви кои потсетуваат на славниот МИ6 таен агент.

астон мартин е горд што е поврзан со џејмс бонд. викендот сме нетрпеливи да го прославиме одличното партнерство со формула 1 екипата – изјави главниот извршен директор на астон мартин, енди палмер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ