Ред Бул искрени дека треба да му дадат подобар болид на Албон

Главниот инженер во Милтон Кинс, Пол Монаган, смета дека тимот треба да биде брутално искрен и да признае дека треба да му дадат на Александер Албон подобар болид.

Британецот со тајландско потекло се мачи со брзината на квалификациите оваа сезона поради што доби и нов инженер за трка, Симон Рени, кој порано работеше со Марк Вебер и Даниел Рикардо, а на свое барање бил повлечен во фабриката.

Силен судар во Петокот го загрози напредокот на Албон во текот на викендот, а во Сабота наутро тој загуби дополнително време поради проблемот со моторот, по што едвај успеа да стигне до 12то место на квалификациите.

често се случува во силверстон да има повеќе ветер и болидот да биде потежок за возење. ако ја видиме петочната брзина на албон може да биде разочаран што не стигна во к3 затоа што имаше брзина за тоа. секако дека тој е способен како и болидот, но мораме да ги решиме проблемите за да му дозволиме да дојде до подобри резултати.

ако успееме да му дадеме на алекс подобро балансиран болид тогаш знаеме дека нема да има никаков проблем на квалификациите. смета дека предизвикот е повеќе кај нас одошто кај алекс и мораме да бидеме брутално искрени кон себе – појасни монаган.

Инженерот е свесен дека проблемите му загубиле многу време во текот на викендот на Алекс, по што логично е што не можел да учи и да напредува.

одење со глава во ѕид не донело ништо добро на никого затоа што момците од тимот направија фантастична работа да го поправат неговиот болид и да биде подготвен за сабота.

имаше неколку серии во сабота и тоа е подобро одошто петок кога немаше воопшто возење.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ