Ред Бул и Астон Мартин се договорија за Фалоус

Ред Бул и Астон Мартин го решија проблемот околу трансферот на аеродинамичарот Ден Фалоус од Милтон Кинс во Силверстон. 

Во текот на минатата година, Астон Мартин објавија дека ќе до донесат Фалоус во нивните редови како нов технички директор, но Ред Бул направија правен проблем бидејќи Фалоус имал договор со нив до 2023 година. 

Нашата ситуација со Дан е јасна. Тој работи на актуелниот болид и на новиот. Има сеуште многу од неговиот договор. Тој му истекува на средина на 2023 година – изјави минатиот месец шефот на ред бул, кристијан хорнер. 

Ред Бул не сакаа да се договорот и отидоа на суд со Астон Мартин, но во Вторник беше објавено дека тимовите се договориле за инженерот. Договорот му дозволува на Фалоус да се приклучи на Астон Мартин на 2 Април оваа година и ќе му помогне на тимот околу новиот болид. Мартин Витмарш, првиот човек на Астон, изјави дека е задоволен од договорот. 

Задоволни сме од договорот со Ред Бул со кој порано ќе го пуштат Ден пред истекот на договорот. 

Хорнер додаде. 

Сакаме да му се заблагодариме на Дан за многуте години работа со нас и му посакуваме се најдобро во иднина. 

Фалоус изјави дека е задоволен од досегашната работа со Ред Бул. 

Уживав во изминатите години работа со Ред Бул и горд сум на успехот. Со нетрпение ја чекам новата сезона и новиот предизвик. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ