Ред Бул и Tag Heuer заедно до 2024

Производителот на часовници и долгогодишен партнер на Ред Бул, ТАГ Хоер, продолжува во Формула 1 и во иднина откако постигна договор со тимот од Милтон Кинс за продолжување на соработката до 2024 година.

Продолжувањето на соработката е договорено во пресрет на Емилија Ромања Гранд При трката, а логото на ТАГ ќе остане на воочливи места на болидот на тимот како и облеките на Верстапен, Перез и персоналот на екипата.

многу сме горди што ќе го продолжиме долготрајното партнерство со таг хоер, едно од најпрепознатливите имиња во историјата на гранд при тркањето. низ времето таг хоер беше поврзуван во вистински легенди на нашиот спорт и мораме да бидеме задоволни што ред бул го продолжува тоа наследство – вели кристијан хорнер, шефот на ред бул.

Продолжувањето на Договорот значи дека ТАГ останува во Формула 1 уште најмалку две години, откако нивната склученост во спортот датира од пред половина век, а со Ред Бул од 2016 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ