Ред Бул и Хонда очекуваат силен одговор од Мерцедес

Ред Бул и нивниот снабдувач со мотори, јапонска Хонда, се подготвени за силен одговор од страна на шампионите од Мерцедес по два тешки тркачки викенди кои ги имаа “сребрените стрели“.

Лошиот Мерцедес од Монако и Баку му дозволи на Ред Бил да го превземе водството во конструкторскиот поредок, но и покрај тоа, “биковите“ се свесни дека шампионската е кипа е моќна и немаат сомнеж дека на традиционалните патеки ќе бидат многу силни.

Тојохару Танабе, техничкиот шеф на Хонда, смета дека тие остануваат цврсто на земја и покрај успешниот досегашен дел од сезоната.

мерцедес не е тивок тим, секако дека ќе се вратат во сезоната. резултатот од баку беа добри за нас, но не значи и дека ќе бидеме добри на трките кои претстојат – смета танабе.

Макс Верстапен во моментов има четири поени предност кај возачите, а ја пропушти шансата да победи во Азербејџан откако пукната задна лева гума додека водеше го натера предвреме да го заврши настанот. Тој е свесен дека следната трка на француски Пол Рикар ќе биде добра за нивните конкуренти.

мислам дека мерцедес се посилни на нормални патеки и затоа сакав во баку да направам поголема предност. знаеме дека ќе бидат силни на традиционални патеки, но ќе видиме, мораме да останеме позитивни затоа што имавме силен ритам на последните два тркачки викенди. никој немаше шанси да ни се закани на последните две трки и тоа е многу позитивен знак за нас – изјави макс.

Кристијан Хорнер, шефот на екипата, сака да види како неговата екипа ќе се спротистави на Мерцедес на традиционалните патеки.

почнуваме со класични патеки и ќе биде интересно. баку беше предизвик за нив, а ние бевме одлични.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ