Ред Бул Македонија ја смени историјата на Ф1, а Фетел ќе се прости во Белград?

ВНИМАНИЕ … Ред Бул ќе има промотивно возење во Белград на 17 Септември, а позади воланот ќе седне Дејвид Култхард. Исто така внимание, Ред Бул Македонија не знаат дека Формула 1 официјално започна во 1950 година.

Точно дека Белград имал улична трка во 1939 година на која победник е Тацио Нуволари и истата e одржана на 3 Септември 1939 година со само 5 учесници, сепак оваа трка е далечен претходник на официјалното Формула 1 првенство, кое започнува во 1950 година. Така што, не била официјална трка.

Исто така според објавата на Ред Бул МК во Белград ќе биде присутен и Себастијан Фетел, кој симболично ќе се прости од спортот поради неговото пензионирање.

Но без критики, ова е убав настан, уникатен и за тие кои ќе го посетат и се надеваме дека ќе уживате целосно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ