Ред Бул немаат намера да ја копираат суспензијата на Мерцедес

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, демантираше дека неговата екипа има намера да го копира решението за задната суспензија на Мерцедес во иднина.

Одличната брзина на правците на “сребрените стрели“ во Турција го привлече вниманието на Ред Бул, а во Америка излегоа и детали кои открија на што се должи таквата моќ на В12 болидот. Задната суспензија флексира надоле за да му дозволи на задното крило да се навали со цел да се намали отпорот и да се добие на брзина.

Ред Бул побараа од ФИА објаснување за ваквото решение на Мерцедес, а потоа Федерацијата се огласи дека решението е целосно легално и поради тоа немаат намера да прават истрага поради тоа.

Задна суспензија која е флексибилна е честа појава во Формула 1 падокот и не е никаква иновација во Мерцедес, а она што Ред Бул ги загрижи беше нејзината ефикасност и додадена брзина на Истанбул Парк во Турција. Поради сето тоа, се појави прашањето дали Ред Бул ќе го копира Мерцедес за да се заштити од големата брзина на правците на трките до крајот на сезоната.

кај нас тоа нема да работи затоа што концептот на нашиот болид работи само ако предното крило е колку што може поблиску до асфалтот. тоа е секогаш случајот со болидите кои ги дизајнира адриан њуи – откри хорнер.

Тој исто така појасни дека не се сомнева во ништо нелегално во пакетот на Мерцедес, туку го загрижило тоа што конкурентите многу добро разбрале како да извадат максимум од пакетот со кој располагаат.

во моментов се многу подобри одошто на почетокот од сезоната. во турција правеа предност од седум десетинки од 8та до 12та кривина, но во 8от свиок беа бавни затоа што се концентрирале на праволиниската брзина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ