Ред Бул не го пуштаат Гасли во Алпин

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул и Франц Тост, тимскиот шеф на АлфаТаури, негираат дека Пјер Гасли ќе го пополни празното место во Алпин по заминувањето на Фернандо Алонсо во Астон Мартин.

Алпин се надеваа дека нивниот високо рангиран резервист, Оскар Пиастри, ќе го замени Алонсо по една година како резервен возач со интензивна тест програма, но откако тој демантираше дека ќе вози за тимот, француската екипа има ддруг план. Естебан Окон има долгорочен договор за останување во Енстон, така што тие се надеваат дека ќе можа да го сместат 26-годишниот французин Гасли крај него, возачот кој има договор со Ред Бул до крајот на 2023 година, но не крие дека е разочаран од “биковите“.

во договорот на гасли нема излезна клаузула, нема ништо што би го ослободило од обврските во било кој момент – посочи доктор марко за Sport1.

Франц Тост од друга страна демантираше дека Алпин може да искористи парична компензација за да дојде до трансфер на Пиастри.

нема никаква смисла за ред бул да го пуштат пјер затоа што ако некој возач во ред бул не испорача, нема достојна замена освен гасли.

пјер е многу талентиран, многу темелно размислува за се и е многу фокусиран. со вистинскиот болид може да биде на самиот врв.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ