Ред Бул никогаш порано не го виделе проблемот на Перез од Бахреин

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека проблемите со кои се соочил Серхио Перез за време на формацискиот круг во Бахрен се веќе решени, а посочи дека тоа било проблем кој прв пат се појавил во болидот.

Мексиканецот имаше проблеми во формацискиот круг кога неговиот болид застана неподвижно крај патеката губејќи целосно електрична енергија. Мексиканецот успеа одново да го стартува, да стартува од боксот и да има фантастично возење до 5то место на крајот од трката.

проблемот беше електричен и мислам дека почнавме да го разбираме. треба да го решиме целосно за следната трка во имот, но беше фрустрирачки што токму пред трката видовме проблем кој претходно го немавме видено – откри хорнер.

Серхио доби пофалби и инженерот Пол Монаган за смиреноста и начинот на кој без радио комуникација го стартувал одново болидот и се вратил во боксот од каде стартувал. Исто размислув и Хорнер кој продолжи со пофалби за својот нов возач.

одлично трпение од негова страна да го рестартува болидот и да продолжи. Ctrl, Alt Delete и продолжи. мислам дека неговото враќање во трка потоа беше фантастично, беше одличен во своите претекнувања и имаше одличен ритам. сето тоа со почето код последно место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ