Ред Бул планира уште подобар болид на Имола

Иако Макс Верстапен не успеа да дојде до победата во Бахреин, Ред Бул покажа голема брзина на трката и беше доста конкурентен. 

Сега Мерцедес се плашат дека Ред Бул веќе се близу до нив и планираат надградби на болидот за тој да биде побрз. Инжинерот на Ред Бул, Пол Монаган изјави:

Има веќе неколку надградби подготвени за Имола. Болидот треба да е спремен за борбата. Потребни ни се многу перформанси за Имола. ние ја контролирам Нашата судбина и не може да влијаеме на Мерцедес, Мекларен, Ферари и сите останати. 

Мерцедес смета дека болидот на Ред Бул нема слабости во однос на нивниот В12 и Верстапен бил многу брз. Но, од Ред Бул сметаат дека тимот сеуште има каде да напредува. 

Најдовме области во кои може да напредуваме. Не може да влијаеме на развојот на другите. Нема се да претставиме во Имола и да кажеме дека сме најдобри.

Ова е долга борба и долга сезона. Има чувство на разочарување во гаражата, но имаме брз болид, одлични возачи и можеме да ги предизвикаме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ