Ред Бул под полна гас пред последните две трки

Ред Бул и Макс Верстапен под полна гас и многу темелно се подготвуваат за последните трки од овогодинешниот шампионат и конечнат пресметка против Луис Хамилтон и Мерцедес.

Во пресрет на претпоследната трка која ќе се случи викендов во Џеда, Верстапен има осум поени предност пред Хамилтон, додека Ред Бул заостануваат пет поени зад Мерцедес. Холанѓанецот теоретски може да обезбеди титула ако освои 18 поени повеќе од Хамилтон на трката во Недела.

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на тимот, фокусирано се подготвува за трката и не сака да предвидува ништо.

ве молам оставете ме подалеку од таквите калкулации или повторно треба да зборувам за 50те поени кои макс ги загуби, а не беа по негова вина. во бразил немавмр ибор, во катар погрешивме со сетирањето, но сеуште водиме и мораме д се бориме во џеда.

верувјте ми, во фабриката се работи под полна пареа, макс работи во симулаторот, има еден и дома, иако речиси никогаш не вози таму – откри докор марко.

Него го надополни и тимскиот шеф, Кристијан Хорнер.

борба за двете титули е точно она на што се надевавме и за што напорно работевме. одиме на последните две трки мноуг блиску, макс има само осум поени предност во возачкото првенство, а тимот заостанува пет поени кај констукторите. ако лани ни кажеше некој дека ќе бидеме во оваа позиција во овој период од шампионатот, немаше да му веруваме.

сакаме да сме на врвот и да се бориме за титули. годинав беше интензивна, беше напнато, а притисокот беше огромен. со искуството кое го имаме, се грижиме само за работите кои можеме да ги контролирме, а не за оние кои не можеме.

Хорнер води војна надвор од патеката со својот колега од Мерцедес, Тото Волф и повторно демантираше дека притисокот ќе му наштети.

навистина уживам во сезонав и можноста да се бориме против луис и против мерцедес, првенството до сега е феноменално. некои луѓе сакаат притисок, некои гледаат да се понастрана од него, но јас секогаш сум бил најсилен под притисок.

над патеката, одвлекувањето на фокусот е поголемо, но кога ќе почне трката, се е небитно.

Во врска со тоа како. притисокот влиае на Верстапен, Хорнер откри дека неговиот возач е вообичаено релаксиран и самоуверен.

тој е релаксиран и неверојатно добро се носи со притсокот, а мислам дека вози подобро од било кога. добар пример е трката во катар кога не сметаше дека може да го стигне хамилтон и сакаше да се забавува.

макс е искрен и секогаш го кажува она што го мисли и она што го гледа. не работи со никаков психолог, едноставно таков е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ