Ред Бул потврдија, веќе промениле агрегат на Хонда

Од екипата на Ред Бул Рејсинг биле приморани да го променат агрегатот на Хонда во текот на вториот ден од предсезонските тестови, но како превентивна мерка.

По проверките, моторот сепак немал никакви проблеми и ќе биде вграден назад во болидот за третиот тест ден. Александер Албон беше првиот кој го возеше РБ16 во вториот ден, откако Верстапен ја имаше таа чест во првиот ден од тестовите. Одговорниот за инженеринг од Ред Бул потврди дека имало мал проблем.

Имавме уште еден многу продуктивен ден со РБ16 и иако не извозевме толку многу кругови, уште еднаш ја поминавме целата програма. Имавме мал проблем пред паузата за ручек кога момците од Хонда забележаа нешто во податоците и поради тоа превентивно го променивме моторот. Тие направија инспекција и нема проблем, така што оригиналниот мотор ќе биде вратен во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ