Ред Бул раскинаа со Випс поради расистички коментари

Ред Бул потврдија дека ја прекинуваат соработката со својот Формула 2 возач, Јури Випс, поради расистички коментар од страна на естонскиот возач.

Возачот играл онлајн игра и се пренесувал во живо на Интернет кога го дал расистичкиот коментар, по што тимот веднаш го суспендирае неговиот договор и најави целосна истрага.

ред бул рејсинг ја прекинува соработката со јури випс и го ослободува од секакви обврски веднаш, а во тек ќе биде целосна истрага за инцидентот. како организација ние имаме тенденција против било какв злоупотреба и немаме толеранција кон расистичко однесување во нашата организација – напишаа од ред бул рејсинг.

Випс веднаш се извини преку Инстаграм за тоа што го кажал додека во живо се пренесувал на Интернет.

она што го кажав е цеосно неприфатливо и не е во согласност со вредностите и принципите за кои се залагам длабоко жалам за тоа што го реков и така не се поставува пример ќе соработувам целосно со истрагата која се спроведува.

Естонецот е дел од програмата на Ред Бул од 2018 година, заврши на 4то место во Формула 3 следната година и мина во посилната Формула 1, а годинава паралелно со тие обврски одработува и како резервист во Ред Бул и АлфаТаури. Имаше деби на официјален Формула 1 тркачки викенд лани кога учествуваше на петочна тренинг сесија за Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ