Ред Бул со поддршка до Гасли за да ја врати формата

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, смета дека французинот Пјер Гасли има се што е потребно за да стане фолем возач и има се што треба за да победува на трки. Токму Марко беше главен во одлуката да се уназади Пјер од Торо Росо во Ред Бул на средина од минатата сезона, но тоа се покажа како одличен потег затоа што возачот си ја врати одличната форма во Фаенца.

по враќањето во торо росо тој процвета и тоа беше неверојатно да се види. токму со тој потег се гледа колку е битна психологијата за еден возач. ако кажам дека очекував такво подобрување од него ќе виде целосна лага. спротивно на даниил квјат кога во 2016 година тој се врати во торо росо, гасли процвета. можам само да му заблагодарам на господ за него и за нас.

одлично ги научи лекциите од шесте месеци во ред бул и мислам дека во иднина ќе стане голем човек и голем возач – смета доктор марко.

Од Милтон Кинс секогаш велеа дека го преместиле Пјер во Торо Росо за да го намалат притисокот врз него, а со тоа да му ја зголемат самодовербата.

не сакам воопшто да го споменувам зборот “уназадувње“. зборуваме за формула 1 за која илјадници возачи сонуваат да возат и да работат во серијата.

нашиот возач премина од врвен тим во екипа која се трка кон средината, тој сеуште одлично заработува и сеуште е во врвната класа. би кажал повеќе дека тоа е нова можност за него, а некакво уназадување – објасни шефот на програмата за возачи.

Запрашан дали во момент на трансферот во Торо Росо, Гасли разбрал што стои позади таквата донесена одлука, Марко откри:

во прв момент гасли не гледаше така на работите, но сега тоа е променето. тоа е одлично, тоа е неверојатно. пјер влезе во торо росо  иведнаш стана препознатливиот гасли кој толку години го поддржуваме.

единствена причина за тоа што му се случи е тоа што во торо росо послесно вози и таа екипа става многу помал притисок над него. мислам дека вина има и самиот возач кој дојде во ред бул и единствено што го интересираше беше да се спореди со верстапен и со никој друг околу него.

требаше да прифати дека макс е побрз и полека да работи за да го стигне. но, тој проба да ја промени техниката и други работи а да надомести, а тоа е целосно погрешно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ