Ред Бул чуле гласини дека Луис ќе менува мотор

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, изјави дека чул гласини оти Мерцедес ќе менуваат мотор кај Луис Хамитон на Бразилското Гранд При.

Актуелниот првак во моментов го вози својот 4ти мотор со внатрешно согорување сезонава откако промени и отслужи казна на трката во Турција, а одтогаш има многу шпекулации дека ќе му треба уште еден агрегат за да ја комплетира сезоната.

Неодамна тој откри дека не очекува дополнителни промени на мотор, но Марко најавува нешто спротивно на Интерлагос и очекува 1-2 од Бразил за Ред Бул, прв пат по 2016 година.

за нас е многу важно да бидеме во добра форма на спринт квалификациите.

ако може да верувам на гласините, тоа е дека ќе има грид казна за хамилтон поради промена на моторот која ќе се случи по крајот на спринтот. секако дека тоа ни одговара на нас и во таков случај очекувам 1-2 победа за ред бул – очекува доктор марко.

Поради спринт форматот кој последен пат сезонава ќе се одржи на трката која следува, казната поинаку се применува. Ако возач земе казна на гридот во Петок попладне, ќе може да ја почне трката на саботниот спринт согласно квалификациското време. Казната за промена на мотор се додава на поредокот од спринтот за стартот на главната трка во Сабота.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ