Ред Бул ја обжали одлуката, Хамилтон повторно пред стјуардите

Стјуардите на ФИА ќе мора да ја прегледаат одново одлуката да не се казни Луис Хамилтон поради непочитување на жолтото знаме за време на квалификациите на Ред Бул Ринг.

Актуелниот првак беше кај стјуардите по вчерашните сесии поради непочитување на жолтото знаме предизвикано од излетувањето на Валтери Ботас но тие решија дека нема прекршок поради грешка во сингализацијата односно покажани жолти и зелено знаме од маршалите крај патеката.

Одлуката е обжалена од Ред Бул кои побараа повторно сослушување денеска во падокот во Австрија.

јасно е дека дојдовме до нови докази со нов агол на камерата и бараме од стјуардите да ги разгледаат. земајќи во предвид што се случи со макс во мексико лани, бараме константност, во спротивно зошто е жолтото знаме – вели Кристијан Хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ