Ред Бул ја продолжи соработката со ЕксонМобил

Ред Бул Рејсинг потпиша нов повеќегодишен договор со ЕксонМобил кој го продолжува веќе успешното партнерство помеѓу екипата и снабдувачот со гориво.

Ред Бул и ЕксонМобил ја започнаа соработката во 2017 година, а од Милтон Кинс велат дека по заслуга на партнерот за гориво и лубриканти, Хонда успеале да направат чекори напред во перформансите на својот агрегат.

Во Ред Бул сме многу задоволни што го продолжуваме успешното партнерство со ЕксонМобил за новата сезона и понатаму. Во текот на минатите 3 години, работата на ЕксонМобил во соработка со нашите инженери, доведе до многу позитивни резултати.

Секој нов развој на горивото и лубрикантите додаде перформанси кои ни помогнаа на патеката и одвај чекаме да видиме дополнителни подобрување – вели Кристијан Хорнер.

Во 2019 година, Макс Верстапен испорача 3 победи за Хонда во хибридната ера, што ги убеди јапонците да го продолжат својот договор за снабдување на Ред Бул, како и на јуниорската екипа Алфатаури.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ