Ред Бул ја промениле филозофијата за да немаат проблем на почетокот од сезоната

Ред Бул ќе користа нова филозофија на подготовка за сезоната за да избегнат бавен и неуверлив старт на сезоната, нешто што многу ги чинеше минатите неколку години.

Тимот од Милтон Кинс има за цел сериозно да ги предизвика Ферари и Мерцедес за титула годинава откако имаа силно ланско првенство со Хонда. Но, за да успеат во тоа, мора да нападнат од првата трка, нешто што не им успеваше минатите години кога почнуваа бавно, а до крајот на сезоната ги стигнуваа водечките благодарение на силниот развој.

Свесни за тоа дека мора да нападнат од самиот почеток, Ред Бул ќе го промовираат болидот многу порано одошто лани и ќе имат доста време за работа од првото возење се до почетокот на предсезонските тестови.

Кристијан Хорнер смета дека промената на филозофијата во тимот заедно со стабилноста на правилата, моторите и возачите, им дава смодоверба дека може да бидат моќни од самиот почеток.

последните неколку години имаше неколку фактори како на пример промена на предно крило или на моторот. годинава ја променивме филозофијата и очекуваме многу рано да почнеме со програмата. со стабилноста на правилата јасно е дека рб16 е подобрена еволуција на рб15 болидот од лани. бевме фоксирани на решавање на слабите страни и надоградување на силните.

со таков континуитет екипата е нетрпелива да се проба против мерцедес и да ги предизвика затоа што тимската работа е наша предност, без разлика дали е тоа рекордно менување гуми погодена стратегија – смета хорнер.

Британскиот шеф на тимот е свесен дека со силниот напредок на Хонда, на потег се Ред Бул кои треба соодветно да одговорат со напредок на шасијата за да додјат на врвот.

мислам дека голем фактор за нашата можност да предизвикаме е моторот, а хонда направија фантастична работа со нивниот последен мотор лани. донесоа повеќе перформанси и моќ и се чини дека сме многу блиску до мерцедес во тој сегмент. поради тоа се концентрираме на шасијата за да дојдеме на врвот.

знаеме дека имаме возачи способни за тоа така што во пресрет на годинава сме подобро подготвени од било кога, всушност сигурно сме најдобро подготвени од последните пет години.

Сепак, Кристијан сеуште смета дека силната форма повторно го става Мерцедес во фаворитска улога за 2020 година.

сакаме да го искористиме лани наученото за да дојдеме во ситуација вистински да се бориме со ферари и мерцедес, но да не заборавиме дека “сребрените“ се актуелни двојни прваци и се фаворити. сметам дека стабилноста во сите области кај нас ни донесе моментум на крајот од минатата година и сме во многу добра позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ