Ред Бул ќе гради нов воздушен тунел

Ред Бул планираат да изградат нов воздушен тунел во својата фабрика во Милтон Кинс, веројатно до 2024 година.

во моментов сме во фаза на одобрување – потврди советникот за моторспорт на компанијата, доктор хелмут марко.

Се предвидува дека инвестицијата во истиот ќе биде помеѓу 50 и 75 милиони евра, значителен износ со оглед на ограниченото трошење кое е воведено од минатата сезона.

Главниот дизајнер и инженер на тимот, Адриан Њуи, бил против таквата инвестиција со оглед на се поголемите ограничувања во однос на дозволеното време кое може да се користи во воздушен тунел и да се тестира на тој начин.

Германски Auto Motor und Sport посочува дека тимот почувствуал дека мора да направи инвестиција во нов тунел откако Ферари го направиле истото лани, а сопствен тунел се прави и во Силверстон кај Астон Мартин и во нивната нова фабрика. Истото го планира и Мекларен кај нив во Вокинг.

ни треба многу време за да стигнеме до посакуваната брзина на ветерот во воздушниот тунел и тоа ни одзема значително време кога буквално го губиме и не го користиме како што треба.

јас би насочил се кон компјутерите и развојот на тој начин. за жал, сеуште немам доволна поддршка за тоа иако сметам дека ќе биде поодржливо.

Како една од целите на Формула 1 за во идниан е да се намали тестирањето во воздушен тунел за да се намалат трошоците, а целосна забрана се очекува до 2030 година.

Согласно регулативата која е на сила, најсилните екипи добиваа помалку време за работа во воздушниот тунел, а оние од опашката на поредокот имаат повеќе време на располагање и се со цел да се изедначи поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ