Рено го објаснија молкот за моторот на Ферари

Рено јавно не го истакнаа своето сомневање околу агрегатот на Ферари додека размислуваа да направат нешто слично, ако ФИА одлучи дека се е во рамки на правилата.

Минатата сезона Ред Бул и Мерцедес го истакнаа своето сомневање околу легалноста на моторот на Ферари. Тоа доведе до три технички директиви од ФИА, поврзани со протокот на гориво и согорување на масло, по што Ферари изгуби моќ и форма во трките. Но, иако Скудерија тврдеа дека работите не се поврзани, времињата по круг ги натера ривалите да тврдат поинаку и покажа дека биле во право што се сомневале во Ферари.

Реми Тафин, одговорниот на одделот за мотори при Рено, вели дека Рено не биле вокални бидејќи планирале да воведат сличен концепт доколку истрагите на ФИА укажале дека се е легално.

Молк е погрешен збор. Ние само не коментиравме јавно. Нашата регуларна комуникација со ФИА не беше објавена. Во случајот со Ферари, тимовите кои се спомнати одлучија поинаку. Понекогаш имате идеја која може да биде предност. Сепак, не сте сигурни дали ги интерпретирате правилата коректно и барате објаснување.

Ако ФИА е задоволна на крајот, нема да го објавиме. Сакаме да ја задржиме предноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ