Рено не се шегува, можно ли е да го вратат Алонсо ?

Фабричката екипа на Рено на “мала врата“ најавува можно враќање на двократниот првак, Фернандо Алонсо, во Енстоун како возач за следната сезона. Шпанецот се тркаше за Рено од 2002 година до 2006 година кога освои две титули пред да мине во Ферари, а потоа и во Мекалрен.

На крајот на 2018 година Нандо се откажа од Формула 1, но шпекулациите дека ќе се врати во спортот се секогаш присутни.

Доколку шпекулациите дека Карлос Саинз ќе оди во Ферари се вистинити, тогаш веројатно во Мекларен негова замена ќе биде Даниел Рикардо, а на Рено ќе им треба нов возач, место за Фернанро Алонсо. Француската фабричка екипа сака да донесе ментор за младиот Естебан Окон кој ќе вози за нив следните ве сезони.

Шпекулациите се засилија откако на својот Твитер профил Рено имаа неколку постови како потсетување на шампионските денови на Алонсо кај нив.

38-годишниот шпанец неодамна изјави дека неговите планови за следната сезона се познати, но не откри каде ќе се трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ