Рено останува во Формула 1

Вршителот на должност Главен извршен директор на Рено, Клотилд Делбо, потврди дека компанијата има намера да остане во Формула 1 и покрај тешката финансиска ситуација и најавеното отпуштање на вработени.

Минатата недела компанијата најави план за намалување на трошоците за 2 милијарди евра следните три години, а планот за трансформација ќе вклучува поедноставување на процесите, намалување на различните компоненти кои се вградуваат во возилата и адаптирање на фабриките. Се очекува во тој процес дури 15 илјади вработени да станат прекубројни, а французите најавија дека од 4 милиони возила колку што биле произведени лани, до 2024 година производството ќе се намали на 3,3 милиони возила.

во периодов полн со несигурност и комплексност, овој проект е клучен за гарантирање на издржливоста на компанијата и задоволството на клиентите кое секогаш ни е приоритет.

со капитализирање на средства како електричните возила и со мудро и ефикасно користење на ресурсите и технологијата со кои располага групацијата и намалување на сложеноста при развојот и производството на новите модели сакаме да ја направиме ефикасна економијата од обем за д ја вратиме профитабилноста и да се осигураме дека развојот нема да страда.

проектот на штедење ќе ни овозможи да се насочиме кон иднината со голема верба во она што го работиме – изјави Делбо.

Но, и покрај намалувањето на трошењето и оптимизацијата, Рено ќе продолжи со својата Формула 1 програма иако гласините често велат дека тие ќе го згаснат својот Формула 1 проект. Се чини дека ограничениот и намален буџет на 145 милиони долари ќе го натераат францускиот производител да остане во спортот.

потврдуваме дека имаме намера да останеме во формула 1. новите правила и ограничувања на инвестициите ќе ни донесат помало трошење за поголема конкурентност и поголема изедначеност со конкурентите кои до сега троешеа далеку повеќе.

Формула 1 – ние сме тука и остануваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ