Рено очекуваат ФИА да биде построга со промени во моторот

Од Рено очекуваат ФИА да стане построга со производителите на мотори во Формула 1 за да се осигура дека надградбите за доверливоста не ги зголемуваат перформансите.

Со оглед на тоа што Формула 1 влегува во втората година на замрзнување на погонската единица што ќе трае до крајот на 2025 година, сега има строги ограничувања за тоа кои елементи на моторите може да се менуваат. Не се дозволени хардверски измени единствено насочени кон зголемување на моќноста, но ФИА може да одобри промени насочени кон решавање на вистински проблеми со доверливоста.

Сепак, таквите измени може да предизвикаат контроверзии ако како последица на средувањето на проблемите, има последователно зголемување на перформансите. Прашањето беше точка на разговор оваа зима поради сугестиите дека Ферари успеале да направат значителен чекор напред со сопствената енергетска единица како последица на тоа што можеа да ги решат проблемите со доверливоста што ја нарушија нивната сезона во 2022 година.

Шефот на одделот за Ф1 мотори на Рено, Бруно Фамин, смета дека досега ФИА добро се справила со процесот на справување со проблемите со доверливоста, но смета дека работите сега треба да се заострат со тимовите кои имале една година подобро да ги разберат своите погонски единици.

Мислам дека процесот во 2022 година со ФИА и другите производители беше доста добар. Тој беше барем транспарентен, така што сите беа свесни за барањето на другите и ова е многу добро. Добро беше управуван од ФИА, мислам.

Беше доста толерантно во 2022 година. Мислам дека беше сосема нормално затоа што сите беа погодени од проблемите со доверливоста, не само ние нормално.

Очекувам ФИА да биде малку построга во иднина, но немам информации.

Фамин признава дека проблемот е комплициран за справување бидејќи има некои елементи на енергетската единица каде што е тешко да се одвојат перформансите и доверливоста.

Што е вистинско прашање за доверливост? Тоа е прашање на кое не можеме да одговориме бидејќи зад проблемот со доверливоста често пати имате потенцијална добивка во перформансите, се разбира. Границата не е секогаш супер јасна.

Ако имате проблем со пумпата за вода како што имавме во 2022 година, мислам дека е сосема јасно дека тоа е чист проблем со сигурноста, нели, нема ништо да се добие во тоа да имате различна пумпа за вода.

Но, ако треба да го промените материјалот на прстените на клиповите, ќе можете да имате нешто посилно, да имате повеќе удари, да имате повеќе перформанси, тогаш каде е границата? Тоа не е очигледно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ