Рено победи, Рејсинг Поинт без 15 поени и 400.000 евра

Фабричкиот тим на Рено победи во однос на протестите за легалноста на делови од болидот на Рејсинг Поинт по што тимот од Силверстон е казнет од страна на ФИА со одземање на 15 освоени поени како и 400 илајди евра.

Од предсезонскиот тест во Барселона Рејсинг Поинт ги изненадија сите со својот РП20 пакет кој могу наликуваше на ланскиот шампионски В10 на Мерцедес. Екипата користи мотори, менувач, суспензија и многу други делови кои се дел од дозволената листа и отворено признаа дека сребрениот болид им е инспирација и се обиделе да го копираат, но се согласно правилата.

Но, на Штаерското Гранд При како и на трките во Хунгароринг и Силверстон, фабричкиот тим на Рено вложи протест поради тоа што сметаа дека каналите за ладење на сопирачките на РП20 се купени од Мерцедес, нешто што не е дозволено годинава.

Откако во Среда се случи долго очекуваното сослушување на сите страни, стјуардите денеска донеса пресуда во корист на Рено.

Рејсинг Поинт се казнети со 200 илјади долари за тоа што се тркале со болидот на Серхио Перез на втората трка на Ред Бул Ринг и исто толку за болидот на Ленс Строл. Исто така им се одземаат по 7,5 поени по возач.

Во врска со протестите од Унгарското и Британското Гранд При, тимот добива опомена од стјуардите што го користеле болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ