Рено покажале интерес за Ботас

Од Германија доаѓаат гласини дека Валтери Ботас започнал да преговара со фабричкиот тим на Рено како замена на Даниел Рикардо, кој замина во Мекларен како замена за Карлос Саинз.

Откако “се отвори“ пазарот на возачи, се повеќе гласини се слушаат за празното место во Рено. Веќе се шпекулира за Фетел и Алонсо, но најново е интересот за Ботас. Друга опција е повторно да го донесат германецот Нико Хулкенберг кој веднаш би се вратил. 

Наводно Абитебул од Рено веќе се видел со менаџерот на Ботас, Дидие Котон. 

Иако Ферари и Мекларен веќе имаат возачи, Тото Волф изјави дека нема да брза со одлуката за неговите возачи, но има најави дека Хамилтон е сигурен во останување, а за Ботас е непознаница. 

Финецот сака да продолжи во својата петта сезона со Мерцедес откако победи на седум трки, но Волф ризикува да го пушти да премине во Рено и потоа брзо да го комплетира својот тандем. Интересно е што и Волф е дел од менаџерскиот тим на Валтери. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ