Рено разговара со потенцијални клиенти во Ф1

Рено е во потрага по потенцијален клиент за користење на нивни мотори, изјави Сирил Абитебул, првиот човек на екипата.

На крајот на оваа сезона, Мекларен ќе престане да ги користи моторите на Рено и ќе премине кон Мерцедес, а дополнително и Даниел Рикардо ќе замине во Мекларен. 

Но, со формата на Рено оваа година, сега е јасно дека тие остануваат во спортот со ребрендиран тим, кој следната сезона ќе се вика Алпин. 

Формула 1 е полна со изненадувања. Имаме добар план за иднината. Штета што Мекларен и Даниел Рикардо нема да работат со нас.

Сега групата има јасна обврска кон Формула 1 и имам чувство дека луѓето се заинтересирани да зборуваат со нас. Стабилноста привлекува партнери. 

Французинот не е среќен со исходот од жалбата со Рејсинг Поинт. ФИА пресуди дека тимот користел стари делови од Мерцедес и ќе ги надгради во 2021 без користење на токени за надградба. 

Рејсинг Поинт сега може да направи многу за наредната година. Јасна е предноста на клиентите кои користат делови стари една година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ