Рено скрои седиште за Окон

Фабричкиот Формула 1 тим на Рено објави видео од Естебан Окон кој пробуваше седиште за својот болид за 2020 година во фабриката на тимот во Енстоун. 23-годишниот возач веќе има 50 Гранд При трки зад  себе во Манор и Форс Индија, а во врвната моторспорт тркачка серија е од 2016 година кога дебитираше на бегиска Спа.

Резервистот на Мерцедес беше само тест возач на тимот лани откако Форс Индија на крајот од 2018 година со новата сосптвеничка структура решија да се ослободат од него за да направат простор за Ленс Трол, но сезонава тој се враќа на местото на Нико Хулкенберг во Рено.

Пред својата деби сезона во Манор, Окон имаше четири петочни сесии на Гранд При викенди со Рено, а одработи и пост сезонски тест на Јас Марина.

Окон е еден од највисоките возачи на гридот и со 186 сантиметри е иста висина како и Александер Албон, а повисок е 8 сантиметри од совјот колега Даниел Рикардо. Најнизок на гридот сезонава со 170 сантиметри ќе биде Ландо Норис.

Седиштето на возачот е клучно поради неговата удобност и истото треба да го држи идеално телото во текот на трка и да го чува од евентуални повреди затоа што Формула 1 болидите не се нималку меки и нежни.

Прво појавување на Естебан во новиот Рено за 2020 година ќе биде во Февруари на првиот предсезонски тест во Барселона кој ќе трае три денови, а тимот сеуште нема откриено кога ќе го промовира својот болид.

моја лична цел е подиум во текот на годината и мислам дека ако успееме во тоа сме напредувале навистина многу/ ќе бидиме штом го спуштиме болидот на патеката ќе имаме појасна слика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ