Рено ќе продава брендирани маски

Рено стана првата Формула 1 екипа која во својата официјална брендирани производи за проджба стави и заштитна маска за лице.

Веројтно дека инспирација им бил Естебан Окон кој привлече големо внимание кога пристигна во падокот во Мелбурн носејќи заштитна маска од таков тип.

Рено не се огранииле само на една маска туку произвеле неколку типови наменети за продажба. Првиот тип е нивната траадиционална црно-жолта комбинација со логото воа аголот, но имаат и целосно црна, а поради овогодишниот главен спонзор на екипата, ДП Ворлд, и нивното лого е присутно на маските.

Една маска во моментов кошта 4,99 евра, пакетче од пет маски може да се купат за 24,95 евра, додека двојно повеќе маски чинат 49,99 евра. Целокупниот приход од продажбата на заштитните маски ќе биде распределен во добротворни цели.

Од тимот објаснуваат дека маските нудат 90% зштита од Ковид-19 вирусот и може да се користат без престан со часови пред да треба да бидат перени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ