Рено ќе промовираат болид … без болидот

Рено веќе најавија дека ќе го промовираат својот нов болид за 2020 година во Среда на 12 Февруари, а Даниел Рикардо и Естебан Окон како главни возачи секако дека ќе бидат присутни на промоцијата.

Во својата објава на Твитер французите објаснија кој се ќе биде присутен на премиерното појавување на РС20.

Менаџментот составен од Сирил Абитебул, Марцин Будковски, Реми Тафин и Пет Фрај заедно со Алан Прост ќе бидат приустни, но француската уникатност овој пат ќе биде видлива во тоа што болид физички нема да има.

Французите открија дека нема да има стрим во живо од презентацијата и болидот нема да биде физички присутен, туку светот ќе се запознае со РС20 преку слики.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ