Реста се надева дека неговото искуство со Минарди ќе им помогне на Хаас

Симоне Реста смета дека неговото врееме и искуство од деновите кога работше во Миарди ќе им помогне на Хаас да се вратат во средината од поредокот со целосно новите правила кои ќе стапат на сила годинава.

51-годишниот италијанец дојде на местото технички шеф на американската екипа како позајмен инженер од Ферари кои имаат широка техничка соработка со Хаас. Тимот беше свесен дека минатата година е загубена во однос на поени и перформанси поради што решија да не го развиваат болидот и да фрлат се на карт на пакетот за 2022 година, очекувајќи тоа да им се исплати.

Реста прв пат влезе во Формул 1 преки Минарди во 1998 година и не му е непознаница работа во тим од задниот дел на гридот. Тој беше дел од екипата од Фаенца кога ги освоија првите поени на Европското Гранд При во Нирбургринг во 1999 година со Марк Хене и старт од 20то место на гридот. Инженерот направи трансфер во Ферари во 2001 година.

имав среќа што ја почнав мојата кариера со минарди кој беше најмалиот тим на кој можам да се сетам. поради тоа знам како да менаџирам со ограничени ресурси, со помалку луѓе и да ја поедноставувам работата фокусирајќи се на приоритетите. тоа е дел од мојата днк, јас сум роден во минарди.

потоа, од најмалиот тим на гридот се преселив во најголемиот и најмоќниот, тоа беше огромна промена. работевв и во заубер и алфа ромео во 2018 и 2019 година, тие се некаде во средината.

нема изненадувања и неочекувани работи за мене, едноставносе разботи за  разичен начин на завршување на работите кој знам да го правам – посочи реста.

Реста е дел од персоналот на Ферари кој поради ограничувањето на трошењето почна да работи во нова фабрика на Хаас во Маранело, крај онаа на Скудерија. Американската екипа продолжува со работа и во своите фабрики во Северна Каролина во САД и во Банбери во Англија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ